Достапни линкови

Јапонија и Јужна Кореја се за поостри санкции кон Пјонгјанг, Русија против


Јапонскиот премиер Абе и рускиот претседател Путин

Лидерите на Јапонија и на Јужна Кореја повикаа на поостри санкции против Северна Кореја, за време на посетата на рускиот град Владивосток и покрај предупредувањето од рускиот претседател Владимир Путин дека тоа ќе значи туркање на Северна Кореја во „ќош“. Јужнокорејскиот претседател Мун Јае Ин и јапонскиот премиер Шинзо Абе се согласија да соработуваат во барањето за посилни санкции, односно како што бараат САД во ОН- кратење на севернокорејската нафта, странски работници, извозот на текстил и други извори на приходи, како одмазда за нуклеарната проба од минатиот викенд.

Двајцата лидери се согласни да се обидат да ги убедат Кина и Русија да ги прекинат испораките на нафта на Пјонгјанг, но Путин се спротивставува, велејќи дека тоа ќе ги погоди сиромашните граѓани на Северна Кореја, како и нејзината влада.

XS
SM
MD
LG