Достапни линкови

Словенија ќе гласа против членство на Хрватска во ОЕЦД


Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец потврди дека Словенија во Париз ќе гласа против членство на Хрватска во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Таквата одлука официјална Љубљана ја донела поради одбивањето на Хрватска да ја спроведе пресудата од Арбитражниот суд околу граничниот спор. Решително сум против тоа на Хрватска да и дадеме зелено светло. Освен ако таа не се обврзе дека ќе го испочитува она што од неа се очекува, изјави Ерјавец.

Арбитражниот суд во Хаг одлучи да и даде на Словенија пристап до меѓународните води на штета на Хрватска. Спорот меѓу двете земји датира уште од 1991 година и се однесува на суверенитетот на речиси ненаселена територија од 13 квадратни километри и на граничната линија во водите на Пиранскиот Залив, од што зависи дали Љубљана ќе има директен излез на отворено море. Коридорот до меѓународни води е широк околу 2,5 наутички милји и словенечките бродови и авиони ќе имаат слободен премин низ хрватското подрачjе.

Но, Загреб одбива да ја примени пресудата. Хрватска се повлече од судската процедура во 2015 година, а според хрватската Влада, одлуката не е обврзувачка.

XS
SM
MD
LG