Достапни линкови

Централна прослава на Денот на независноста


По повод 26-годишнината од осамостојувањето на Македонија, вечер пред платото на Владата ќе се одржи централната прослава под слоганот „Македонија слободна, слободно живее“. Домаќин на настанот е Владата на Република Македонија пред чие плато ќе бидат поставени интерактивни уметнички инсталации. Ќе биде изведена детската претстава „Маша и нејзината приказна“, а танц студиото „Данцерс Унитед Мк“ ќе изведе инклузивен танцов настап на професионални танчари со типичен развој и со танчари со попреченост. Настап ќе имаат и Гудачкиот квартет - ВИВА стинг, Хорот при Македонската Опера и Балет, Биг Бенд на Здружението на џез музичари на Македонија, Љубојна со специјалниот гостин Џамбо Агушев, Бени и Нон Стоп со Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, Кпурдат, Шутка Рома Рап и Слаткаристика.

Во рамки на централната прослава предвидено е да се обрати и претседателот на македонската Влада, Зоран Заев.

Република Македонија одбележува 26 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

XS
SM
MD
LG