Достапни линкови

Собранието ја заврши расправата за огласот за јавен обвинител


Илустрација: Собрание

Македонското Собрание попладнево ја заврши расправата по точката за објавување оглас за именување јавен обвинител на Република Македонија, откако беше исцрпена листата на пријавени за дискусија. По ова претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за тоа кога ќе биде закажано нејзиното продолжение.

Пратениците од опозицијата побараа да се одложи оваа точка за после локалните избори и да се испочитува мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата, според кое, сите постапки за разрешување и именување носители на јавни функции се ставаат во мирување до завршување на изборите. Според нив, целата постапка е незаконска, бидејќи како што рекоа, согласно Изборниот законик, до завршување на изборите не смее да ниту да се разрешува и ниту да се вработува.

Ставот на владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, е дека не е прекршен ниту еден закон во постапка за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Ги потсетија колегите од опозицијата дека во 2013 година кога биле распишани избори на 11 јануари, веќе на 21 јануари, односно за десет дена, тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ го именувала Зврлевски за јавен обвинител и прашаа зошто тогаш не е реагирано за ова.

XS
SM
MD
LG