Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ објави имиња на кандидати за уште девет општини


Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристевски во посета на Манастирскиот комплекс Трескавец кој беше зафатен од пожар на 4 февруари 2013

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за девет општини. Во Прилеп, Демир Капија, Новаци, Радовиш и во Вевчани партијата повторно ќе ги кандидира актуелните градоначалници: Марјан Ристески, Трајче Димитриев, Лазар Котевски, Сашко Николов и Цветомир Угриноски.

Извршниот комитет на партијата одлучил за градоначалници на Тетово и на Гостивар да ги кандидира пратениците од овие градови Горан Манојлоски и Дафина Стојаноска, а во Брвеница ќе го кандидира претседателот на општинскиот комитет на партијата Стојан Тодороски.

Партијата реши да не го кандидира повторно градоначалникот на скопската општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, кој е на чело на општината од 2005 година. Во оваа општина ВМРО-ДПМНЕ ќе го кандидира поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.

XS
SM
MD
LG