Достапни линкови

Ердоган - ЕУ да одлучи дали ќе ги продолжи преговорите со Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ја повика Европската унија да одлучи дали сака да ги продолжи или да ги прекине преговорите за членство на Турција во Унијата.

Турскиот претседател нагласи дека нема да дозволи неговата земја да се претвори во нешто како „измама“ за изборите во европските земји.

„Тие или ќе го исполнат ветувањето и ќе го отворат патот за процесот за членство или ќе мора да кажат: Ние не сакаме да продолжиме на патот со Турција“, рече тој.

Германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократскиот кандидат за канцелар Мртин Шулц за време на телевизиската дебата во неделата изразија подготвеност за прекин на преговорите за членството на Турција во ЕУ.

XS
SM
MD
LG