Достапни линкови

Остри протести по убиството на индиска новинарка


Протест на новинарите и активистите против убиството на новинарката Гаури Ланкеш во Бенгалор

Убиството на индиска новинарка предизвика остри протести ширум земјата. Демонстрантите тврдат дека таа биле убиена поради критиките против десничарската влада на премиерот Нарендра Моди. Индиските новинари, активисти и политичари денеска побараа целосна истрага за убиството на 55-годишната Гаури Ланкеш, уредничка на весник и остар критичар на владејачката хинду националистичка партија. Таа беше уредничка на независниот магазин Ланкеш Патрике на јазикот канада. Беше застрелана вчера пред нејзиниот дом во Бенгалор од тројца непознати напаѓачи на мотоцикл. Илјадници луѓе денеска се собраа пред градското собрание во Бенгалор да и оддадат почит.

Индискиот писателски форум денеска оцени дека нејзиното убиство „е застрашувачко продолжение“ на серијата слични напади во последниве години против писатели, уметници и научници кои ја критикувале владата на Моди.

Претседателката на Индискиот женски новинарски корпус Шобана Џаин рече дека „замолчувањето на новинар на овој начин е опасен предзнак за индиската демократија“.

Комитетот за заштита на новинари рече дека Индија слабо ги штити новинарите, особено оние кои покриваат корупција во малите градови.

XS
SM
MD
LG