Достапни линкови

Дачиќ - Србија се надева на членство во ЕУ пред Унијата да се распадне


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Србија се надева дека ќе стане членка на ЕУ пред блокот да се распадне, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој учествува на трибина за Западен Балкан во рамки на „Стратешкиот форум“ на Блед.

„Важно е да продолжи процесот на проширување на ЕУ. Ние или ќе станеме членка на Унијата или ЕУ ќе се присоедини со нас. Се надевам дека Србија ќе стане членка пред блокот да се распадне“, изјави Дачиќ.

Според него, толку многу се одложува пристапот во ЕУ, што постои впечаток дека Балканот никогаш нема да влезе во ЕУ.

„Затоа сметаме дека ЕУ нема фер однос кон земјите од Западен Балкан“, рече српскиот министер за надворешни работи.

Српскиот министер и вицепремиер не може да верува дека сите држави што влегле во ЕУ ги исполниле сите критериуми за влез и смета дека ако сега повторно се кандидираат, најмалку една третина од членките нема да можат да ги исполнат неопходните критериуми за членство.

XS
SM
MD
LG