Достапни линкови

Загинаа тројца политички аналитичари, новинар и активист во сообраќајка во Украина


Илустрација: Автомобил во сообраќајка

Тројца политички аналитичари, новинар и активист загинаа во регионот Ровен во западна Украина, соопштија властите. Политичките аналитичари Александр Маслак, Алексиј Куриниј и Александр Никаноров, новинарот Володимир Карахјаур и активистот Сергиј Попов утринава загинаа во сообраќајна несреќа, која се истражува, напиша Антон Герасченко, советник на министерот за внатрешни работи Арсен Аваков, на Фејсбук.

Украинската полиција претходно соопшти дека четворицата загинале при судир на нивниот автомобил со камион, додека петиот човек починал подоцна во болница.

Новинарката Богдана Бабич на Фејсбук напиша дека загинатите се враќале кон Киев од Полска, каде што учествувале на конференција.

XS
SM
MD
LG