Достапни линкови

Турција гради нови затвори за осудените од ланскиот неуспешен воен удар


Полицајци носат војник осуден за учество во неуспешниот воен удар пред суд

Над 50 нови затвори се градат на територијата на Турција, изјави министерот за правосудство Кенан Ипек. Според министерот, новите затвори се градат специјално за осомничените кои учествуваа во неуспешниот пуч од 15 јули 2016 година.

Новите затвори ќе бидат со капацитет за околу 50 илјади затвореници, а се градат и пет нови хали во затворот Синџан близу Анкара.

Во моментов над 48 илјади луѓе се осомничени во судски процеси за учество во пучот, како и за соработка со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.

„Новите затвори ќе бидат многу функционални и прилагодени да се користат како судски сали“, додаде Ипек.

XS
SM
MD
LG