Достапни линкови

Штрајк во грчката Агенција за бегалци


Мигранти на грчкиот остров Лезбос

Времено вработените во грчката Агенција за бегалци денеска почнаа дводневен штрајк како протест против доцнењето на платите кое трае со месеци.

Синдикатот на работниците соопшти дека тие не ги добиле хонорарите веќе два-три месеци.

За утре синдикатот најави и протестен собир во центарот на Атина.

Агенцијата периодов има и повеќе работа од вообичаено поради зголемениот број имигранти годинава.

XS
SM
MD
LG