Достапни линкови

ЕУ ќе ги продолжи санкциите за Русија


Илустрација санкции врз Русија

ЕУ ќе ги продолжи санкциите за руските државјани и проруските сепаратисти во Украина за дополнителни шест месеци, при што новиот амбасадор на Русија во САД, Анатоли Антонов најверојатно ќе остане на листата, соопштуваат дипломати од Брисел. Одлуката, според нив, била донесена на денешната средба на амбасадорите на земјите членки на ЕУ.

Конечната одлука треба да биде објавена на 14 септември, еден ден пред истекот на рокот, наведуваат дипломатите. Антонов кој пристигна во Вашингтон на 31 август за да ја преземе функцијата е на листата на санкции на ЕУ и Канада, но не и на листата на САД.

XS
SM
MD
LG