Достапни линкови

САД ќе останат во договорот со Иран се додека земјата е безбедна


Американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли

Американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли изјави дека САД можеби ќе донесат заклучок во наредниот месец дека Иран го прекршил нуклеарниот договор, но тоа не значи дека Вашингтон ќе се повлече од него. Според законот, Стејт Департментот е должен на секои 90 дена да го извести Конгресот дали Иран работи во согласност со ограничувањата на нуклеарните активности постигнати со договорот во замена за олеснување на санкциите врз земјата.

Наредниот рок е во октомври, а Хејли посочи дека САД ќе останат во договорот се додека тој ја заштитува безбедноста на земјата. Иранскиот лидер Хасан Рохани се закани дека ќе го напуштат договорот, доколку САД продолжат со санкциите. Хејли смета дека заканите покажуваат оти иранските лидери сакаат да го искористат нуклеарниот договор со цел да го држат светот во заложништво.

XS
SM
MD
LG