Достапни линкови

Министерот Димитров во посета на Германија


Министерот за надворешни работи на РМ Никола Димитров

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Берлин, СР Германија, на покана на неговиот германски колега Зигмар Габриел.

Како што соопшти МНР, двајцата министри на средбата се очекува да разменат мислења за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, како и да биде пренесено очекувањето за засилена поддршка и помош од пријателска Германија во исполнувањето на клучните реформски приоритети, во насока на што поскоро отворање на европските и евроатлантските перспективи на нашата земја.

Покрај средбата со министерот Габриел, предвидено е шефот на македонската дипломатија да се сретне и со советникот на канцеларката Ангела Меркел за надворешна и безбедносна политика, Кристоф Хојзген.

XS
SM
MD
LG