Достапни линкови

Жртви од воздушен напад за време на свадба во Авганистан


Архивска фотографија - воздушен наапд во Авганистан.

Во воздушен напад на „странските сили“ во Авганистан убиени се двајца луѓе, а тројца се повредени, соопштија авганистанските власти. Убиените и повредените присуствувале на венчавка во Кабул. Според тамошните власти инцидентот се случи кон крајот на 4-ти септември, кога дронови извршиле напад на местото каде се одржувала свадба, откако некои од гостите за да ја прослават венчавката почнале да пукаат во воздух. Во тек е истрага за инцидентот.

Американските сили во Авганистан, не го коментираа инцидентот.

XS
SM
MD
LG