Достапни линкови

Молдавскиот претседател го блокира учеството на вежба на НАТО


Претседателот на Молдавија, Игор Додон,

Го откажав учеството на контингентот молдавски војници на престојните вежби на НАТО, напиша претседателот на Молдавија, Игор Додон, на Фејсбук. Додон го отфрли барањето на Министерството за одбрана за испраќање на 57 молдавски војници на вежбите во западна Украина, кои треба да се одржат од 7 до 23 септември.

„Ние не прифаќаме вмешување на молдавски војници во воени вежби надвор од националните граници“, напиша Додон.

Вежбата „Rapid Trident“ на која Молдавија учествува од 1996 година, оваа година се одржува на границата на Украина со Полска. Ќе присуствуваат околу 1.800 војници од 14 земји членки на НАТО.

Молдавскиот претседател е проруски настроен и го поддржува стратешкото партнерство со Русија, а владата на Молдавија е проевропска.

Додон претходно оваа година изјави дека е против тоа НАТО да отвори канцеларија за врски во главниот град Кишињев.


XS
SM
MD
LG