Достапни линкови

Ослободени членови на Црвениот крст киднапирани во Авганистан


Авганистан - Канцеларии на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Кабул, февруари, 2017.

Ослободени се двајца членови на мисијата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Авганистан, кои во февруари беа киднапирани од вооружени луѓе во северната провинција Јожан. Од делегацијата на организацијата во Авганистан соопштија дека нивните членови се ослободени неповредени.

Во февруари вооружени мажи убија шестмина членови од персоналот на Организацијата во Авганистан и киднапираа двајца други членови. Од Организацијата се заблагодарија на помошта од властите и на локалните жители за ослободување на нивните колеги. Од таму не посочија кои биле киднаперите и кој е мотивот за тоа.

XS
SM
MD
LG