Достапни линкови

Иванов бара ЕУ да го интегрира Балканот


Претседателот Ѓорге Иванов.

Европа да го сфати 21 век и да ги вклучи земјите кои се уште се во чекалната за да можеме заедно да настапуваме како континент, а не како Европска унија, порача претседателот Ѓорге Иванов на отворањето на 27. Економски форум, што се одржува во полскиот град Крињица-Здруј, говорејќи на тема „Незавршена интеграција – аспирации на европските земји“.

Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, на форумот посочил дека на Македонија, поради двојните стандарди, ѝ се скратува правото на просперитет.

„Европа нема да исчезне, но ќе стане безначајна ако не се прилагоди на предизвиците од 21 век. Македонија сака да биде дел од таа Европа на 21.век, а не Европа на 20.век кога членки на ЕУ го злоупотребуваат своето членство да ги блокираат процесите на интегрирање на целиот регион во еден отворен простор кој би носел мир и просперитет“, вели Иванов.

На Економскиот форум во Крињица насловен како „Проект Европа – кој е рецептот за следната деценија?“, присуствуваат над 3.000 учесници од повеќе од шеесетина земји.

XS
SM
MD
LG