Достапни линкови

Косовските партии се договорија за поделба на министерските места


Кадри Весели од Демократската партија.

Коалициските партнери, кои ќе ја формираат новата влада на Косово, се договорија за поделбата на министерските места.

Демократската партија на Кадри Весели ќе го има потпретседателското место во новата извршна власт и шест министри и тоа за финансии, за правда, за европска интеграција, за дијаспора, за култура и Министерството за дијалог.

Две министерски места - за заедници и за враќање на раселените и Министерството за локална власт ќе ги раководат кадри на Српска листа, додека едно министерско место ќе добие некоја од немнозинските етнички заедници, кои во Парламентот имаат десет пратеници, што како и на Србите им се загарантирани.

Три министерски места и тоа за обрзование, наука и технологија, за трговија и индустрија и Министерството за труд и социјала, добива партијата Иницијатива за Косово на Фатмир Лимај.

Алијансата за иднината на Косово ќе ги раководи Министерството за здравство, за инфраструктура и Министерството за безбедносните сили на Косово.

Партијата на Беџет Пацоли, Алијанса за Ново Косово (АКР) ги добива Министерството за надворешни работи, за внатрешни работи, за просторно планирање, за земјоделство и Министерството за економски развој.

XS
SM
MD
LG