Достапни линкови

Светска банка ќе биде силен партнер за Македонија


Министерот за финансии Драган Тевдовски ги презентира заклучоците од средбата со високи претставници од Светска банка

Светска банка ќе биде силен партнер во развојот на Македонија во наредниот период. Во моментов поддржува активности во износ од 350 милиони американски долари, а се разгледуваат можности за Македонија да стане држава со високи приходи, вели регионалната директорка на Светска банка, Линда ван Гелдер. Таа денеска се сретна со премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и економските министри.

На средбата, како што посочи, се разгледани приоритетите за поддршка во различни области, како што се подобрување на општинската инфраструктура, надградба и рехабилитација на постојната патна инфраструктура, енергетска ефикасност, социјална заштита и транспарентност.

Министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека на средбата посебно внимание е посветено на управувањето со јавните финансии и на ефикасноста на јавната потрошувачка. Потенцира дека до крајот на годината планираат да излезат со промени на Законот за буџет со цел да го подобрат буџетскиот процес и да воведат една кредибилна рамка на среднорочно буџетско креирање.

XS
SM
MD
LG