Достапни линкови

Грузиски свештеник осуден на 9 години затвор за обид за убиство


Патријархот Илија Втори

Грузискиот суд го осуди свештеникот Ѓорѓија Мамаладзе на девет години затвор за обид за убиство на личната секретарка на поглаварот на православната црква, патријархот Илија Втори. Осудениот кој не беше присутен на изрекувањето на пресудата се обидел со цијанид да ја отруе секретарката Шорена Тетуашвили. Мамаладзе беше уапсен на аеродромот во Тбилиси во февруари годинава, кога властите пронашле цијанид во неговиот багаж.

XS
SM
MD
LG