Достапни линкови

СДСМ објави дел од кандидатите, Шилегов во трката за Скопје


Петре Шилегов

СДСМ денеска ги соопшти кандидатите за градоначалници за локалните избори 2017 година во триесетина општини. За Градот Скопје од партијата го предлагаат Петре Шилегов. Дел од кандидатите за останатите општини во Скопје се: Златко Марин во Аеродром, Велимир Смилевски во Бутел, Борче Георгиевски во Гази Баба, Александар Наумоски во Ѓорче Петров, Стефан Богоев во Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Додека во останатите поголемиопштини низ Македонија кандидат на СДСМ за Охрид е Јован Стојановски, а за Штип, Благој Бочварски.Партијата ќе информира дополнително и за другите кандидати кога ќе биде потврдено.

XS
SM
MD
LG