Достапни линкови

Хојт Ји: Договорот за добрососедство важен за Македонија, Бугарија и регионот


Заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји го поздрави Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија и посочи дека тој е важен за народите на двете земји, но и за целиот регион.

Тој ја даде изјавата на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во рамки на стратегискиот Форум во Блед, Словенија.

Захариева истакна дека најголемата придобивка на тој договор е дека е изработен без странска помош, со што се покажало дека прашањата ги решаваат без посредници.

XS
SM
MD
LG