Достапни линкови

Русија и Кина се за враќање на дијалогот за корејските тензии


Амбасадорите на Русија, Кина и САД во ОН

Русија и Кина повикаа на смирување и враќање на дипломатските решенија, додека САД и нивните сојузници притискаат за поостри санкции и воен одговор по последниот нуклеарен тест на Северна Кореја. Не е претерано ако се каже дека мирот во регионот е подложен на сериозен тест и оти заканата за ескалација на состојбата е голема како никогаш досега, изјави рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија на синоќешниот итен состанок на Советот за безбедност на Светската организација. Тој истакна дека подземната детонација на она што тие го нарекуваат хидрогенска бомба е во спротивност со резолуциите на ОН кои забрануваат такви тестови и заслужува најостри осуди. Но, додаде Небензија, санкциите не успеале да го решат овој проблем и затоа е неопходно враќање на дијалогот.

XS
SM
MD
LG