Достапни линкови

Времето денеска облачно и ветровито


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во западните делови можен е краткотраен локален дожд. Утринската температура се движи од пет до 15, а дневната ќе биде од 17 до 28 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер. Утринската температура се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Од утре следува период на стабилно време со свежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Исклучок е сабота, кога ќе има услови за локален дожд.

XS
SM
MD
LG