Достапни линкови

Огласот за јавен обвинител на собраниска седница


Собраниска седница

Собранието на Република Македонија во среда ќе ја продолжи расправата за Предлогот за огласување на Јавен обвинител на Република Македонија.

Во попладневниот дел од расправата, пратениците од опозицијата обвинија дека со процедурата за јавниот оглас се прекршува членот на законот кој спред нив, СДСМ барала да се внесе во Изброниот законик. Тие потсетија дека и Владата на РМ се оградува од, како што истакнуваат, какви било процедури и оти ги ставаат во мирување сите разрешувања и именувања на функционери за после изборите.

Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ рече дека Владата на РМ која ја предводи СДСМ и коалицијата се оградува од какви било процедури и носи комисиско мислење во кое се вели дека заради изборите и заради членот 8а ги стават во мирување сите постапки за именување и разрешување функционери кои се незавршени после распишувањето на локалните избори.

"Тоа значи дека Владата била свесна и се покрила себеси за да не направи неправилности", рече Миолошоски.

Петре Шилегов од СДСМ нагласи дека Македонија мора да има нов Јавен обвинител заради доброто на државата.

"Тоа што за некого од вас лично ќе заврши лошо, тоа е ваш проблем. Стопати сум ви рекол, кој што дробел, тоа срка. Никој не ве тераше да се зацапате во криминал, никој не ве тераше да влезете во корупција и да обвинувате овде, елементарно непознавајќи ги правните процедури, дека некој со избор на Јавен обвинител се обидува или крши законски пропис заради мислење на, во најмала рака кажано, комприомитираната Антикорупциска комисија која е перјаница и заштитник на криминалот", рече Шилегов.

Тој појасни дека ќе се распише огласот за јавниот обвинител, дека ќе си течат роковите, а изборот ќе биде извршен после изборите. Шилегов на колегите им порача да не се плашат од јавниот обвинител, односно, како што рече, доколку се невини откако ќе бидат процесуирани тие дури можат и политички да бидат појаки.

Претседателот на Собранието Талат Џафери продолжението на седницата го закажа за задутре во 11 часот.

XS
SM
MD
LG