Достапни линкови

Анѓушев: Македонија е отворена за инвестиции од Израел


Вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев пред педесетина претставници на израелски и македонски компании на бизнис форум во Ерусалим ги презентираше мерките кои македонската Влада ќе ги преземе за економски развој на државата, соопшти денеска Кабинетот на вицепремиерот. Тој рече дека Мерките кои Владата ќе ги имплементира за економски раст на Република Македонија се поделени во три столба.

"Првиот столб се мерките за поддршка на инвеститорите, вториот е изградба на соодветна инфраструктура, со цел подобро поврзување со соседните земји, а третиот столб се реформите во енергетскиот сектор", рече Анѓушев, кој е дел од официјалната владина делагација што престојува во тридневна посета на Државата Израел.

Анѓушев потенцираше дека Владата подготвува нов концепт за привлекување инвеститори, којшто се очекува да биде презентиран во средината на месецов и оти тој ќе обезбеди транспарентност и еднаков третман на странските и домашни инвеститори со што позитивно ќе се влијае на економскиот развој на земјата.

XS
SM
MD
LG