Достапни линкови

Амбасадорот на САД во ОН: Северна Кореја "моли за војна"


Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Никки Хејли

Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Ники Хејли, рече дека активностите на Северна Кореја покажуваат дека нејзиниот водач, Ким Јонг Ун, " моли за војна" и дека дојде време Советот за безбедност да ги усвои најсилните дипломатски мерки. "Војната никогаш не е нешто што САД го сакаат. Ние не го сакаме тоа сега, но трпението на нашата земја не е неограничено", рече Хејли на итна седница на Советот за безбедност, до која дојде откако Северна Кореја активираше хидрогенска бомба. Итниот состанок на Советот за безбедност беше побаран од САД, Јапонија, Франција, Велика Британија и Јужна Кореја. Претставникот во ОН на Русија, Василиј Небензиа, изјави дека тестот на Северна Кореја покажува дека "мирот во регионот е во сериозна опасност". Но, тој рече дека воените решенија не можат да ја решат кризата, додавајќи дека постои "итна потреба од воздржување од акции што може да ги ескалираат тензиите". Кинескиот амбасадор во ОН, Лиу Џии, повторно повика на дипломатски разговори за решавање на кризата и рече дека Пекинг нема да дозволи хаос и војна на Корејскиот полуостров.

XS
SM
MD
LG