Достапни линкови

Забранет влез во Косово на српски фунционери


Косово

На граничниот премин Јариње не им бил дозволен влез во Косово на министерот за образование на Србија Младен Шарчевиќ и на директорот на канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, соопштија од канцеларијата за КиМ.

Двајцата српски функционери денеска требало во Студентскиот центар во Косовска Митровица да отворат Завод за здравствена заштита на студентите при Универзитетот во Приштина.

Средствата за изградба, адаптација и опремување на новата студентска поликлиника ги обезбеди српската Влада

XS
SM
MD
LG