Достапни линкови

Почна Бледскиот стратешки форум


Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец го отвори Бледскиот стратешки форум, со порака дека целта на овој собир е да се дадат некои одговори во однос на прилагодувањето на новата реалност во светот.

".Нова реалност се постојаните промени. Глобално се соочуваме со бројни предизвици, некогаш радикални и деструктивни, тероризам, оружја за масовно уништување, а тука се и човековите права, кои се и натаму под знак прашалник", истакна Ерјавец.

Tој потенцираше дека сака Форумот да се занимава и со начините за создавање подобра иднина, со вклученост на целата меѓународна заедница, соработка и воздржувања од закани, со почитување на правото и владеењето на правото.

На Бледскиот стратешки форум, кој се одржува денеска и утре под мотото „Нова реалност“, ќе присуствуваат околу 1.000 високи претставници на Обединети нации, на Европска унија и на НАТО, академици, студенти, претставници на бизнис заедницата од над 70 држави. На Форумот ќе присуствуваат и функционери од регионот, вклучувајќи го и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

XS
SM
MD
LG