Достапни линкови

Сириската армија се приближува до енклавата Деир ал-Жур


Сириски војници

Според извештаите на сириските државни медиуми, воените и сојузничките сили се приближуваат во источниот град Деир ал-Жур, кој три години е под опсада на екстремистичката група Исламска држава . Државната телевизија објави дека воените сили се на три километри од енклавата , додека новинската агенција САНА објави "колапс" на одбраната на ИС во областа. Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските воздухопловни сили обезбедуваат воздушна поддршка на офанзивата. ИС контролираат половина од територијата на Деир ал-Жур, центарот на нафтената индустрија во Сирија, и поголемиот дел од околината во покраината. Тоа е последното најголемо упориште на ИС во Сирија. Обединетите нации во август процениле дека 93.000 цивили живеат во владината енклава во Деир ал-Жур.

XS
SM
MD
LG