Достапни линкови

Јункер: турски дејства го прават невозможно членството во ЕУ


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Акциите на турските власти го прават "невозможен " влезт на земјата во Европската унија, велат извршните власти на ЕУ. Забелешкатa на Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер од минатата недела денеска ја цитираше портпаролот на комисијата на брифингот за новинари додавајки дека Турција "презема гигантски чекори далеку од Европа". Одлука за тоа дали формално да се запре долготрајниот, но моментално заглавен процесот на членството ќе треба да ја донесат 28 земји-членки на блокот. Германската канцеларка Меркел вчера рече дека ќе разговара со своите колеги од ЕУ дали "може да ги прекинат разговорите за членство". "Не гледам дека Турција ќе се приклучи и никогаш не верував дека тоа ќе се случи ", рече таа во дебатата за изборната кампања, додавајќи дека Турција" се одалечува од сите демократски практики со голема брзина ". Ибрахим Калин, портпарол на Ердоган, ги обвини германските политичари дека се предаваат на популизмот.

XS
SM
MD
LG