Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи изборот на новиот јавен обвинител


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави денеска дека неговата партија нема да го поддржи изборот на нов државен јавен обвинител бидејќи тоа е спротивно на членот 8а од Изборниот законик.

Тој информира и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесат три закони по скратена постапка - Закон за зголемување на минимална плата за административците од 5 отсто, Закон за извршување, со кој, како што рече, ќе се намалат превисоките трошоци за извршување кои што ги плаќаат граѓаните, како и Закон со кој на студентите ќе им бидат доделувани ваучери за компјутери. Димовски истакна дека доколку СДСМ имаат фер пристап до предлозите на ВМРО-ДПМНЕ тие исто така ќе бидат фер и конструктивни кон нивните предлози.

XS
SM
MD
LG