Достапни линкови

Грузија домаќин на САД и други земји на заеднички воени вежби


Грузиски војници

Грузиските војници им се приклучија на нивните колеги од САД и други земји на почетокот на воените вежби „Агилен дух 2017“, кои се одржуваат по седми пат. Вежбите кои започнаа вчера во Орполо се со цел да ја подобрат интероперабилноста на САД, Грузија и регионалните партнери, како и да го зајакнат разбирањето на тактиките, техниките и процедурите на нациите, соопшти американската војска.

Грузиското министерство за одбрана на Твитер напиша дека преку воените вежби со стратешките партнери земјата станува помирна и постабилна, а вооружените сили попрофесионални.

XS
SM
MD
LG