Достапни линкови

Трамп: САД подготвени да се бранат


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата земја е подготвена да се брани себеси и сојузниците, користејќи комплетен спектар од дипломатски, конвенционални и нуклеарни капацитети, откако Северна Кореја изведе, како што ја нарече, проба на хидрогенска бомба. Вчерашниот коментар на Трамп доаѓа заедно со забелешките на Секратарот за одбрана Џим Матис дека секоја закана кон САД ќе биде пресретната со масивен воен одговор и оти Северна Кореја со своите акции ризикува „целосно уништување“.

Во меѓувреме на корејскиот полуостров, воен претставник на Јужна Кореја соопшти дека воздухопловните сили и армијата на неговата земја извеле вежба на нуклеарниот ракетен систем, како одговор на тестот на Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG