Достапни линкови

Околу 73 000 муслимани избегаа од Бурма во Бангладеш


Илустрација- полицајци од Бурма со муслиманите кои ги напуштаат своите домови

Околу 73 000 муслимани ја напуштија Бурма бегајќи од насилствата и влегоа во соседниот Бангладеш, сооптши денеска агенцијата за бегалци на Обединетите нации. Малцинството муслимални ја преминале границата откако еруптираа насилствата на 25 август во државата Рахине, рече портпаролот на УНХЦР Вивиан Тан. Безбедносните служби во Бурма и бунтовниците се обвинуваат меѓусебно за насилствата.
Војската соопшти дека околу 400 луѓе, повеќето од нив бунтовници загинале во судирите деновиве. Бегалците ги обвинуваат безбедносните служби и будистите за вршење на насилства врз цивилите, уништување на домовите и протерување од местата каде што живееле. Тензиите меѓу муслиманите и будистите еруптираа во крвави насилства во 2012 година поради што околу 100 000 муслимани беа сместени во кампови.

XS
SM
MD
LG