Достапни линкови

Русија бара од САД враќање на дипломатските претставништва


Илустрација-рускиот конзулат во Сан Франциско

Русија бара од Соединетите Американски Држави да ги врати руските дипломатски претставништва кои американските власти “ги одземале” во Сан Франциско и Вашингтон нарекувајќи ги отворен непријателски акт. Во денешното соопштение од руското министерство за надворешни работи се бара од американските власти итно да ги вратат руските дипломатски претставништва.

Засега нема одговор од американската администрација. Американскиот Стејт департмент го постави 14 часот на втори септември како краен рок за затворање на рускиот конзулат во Сан Франциско и две други дипломатски претставништва во Вашингтон и Њујорк.

Американската акција доаѓа откако Москва во август нареди САД да го скратат својот дипломатски персонал во Русија на 455 лица до први септември, што како што рече рускиот претседател Владимир Путин значело намалување за 755 лица.

XS
SM
MD
LG