Достапни линкови

На референдум во Босилово до 13 часот гласале 7,78 проценти


Илустрација-гласање на избори во Македонија

Без проблеми се одвива референдумското изјаснување на жителите на Општина Босилово во врска со работата на рудникот Иловица и други на територијата на општината, информираат од Општинската изборна комисија. Излезноста до 13 часот изнесувала 7,78 проценти, велат од ОИК.

Во 7 часот утрово навремено биле отворени гласачките кутии во 19 гласачки места во Општина Босилово, каде што граѓаните на референдумот имаат можност да се изјаснат за две прашања: Дали се за или против работата на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На единствениот гласачки список запишани се 12.301 полнолетно лице, а за референдумот, за биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто + 1. Во струмичкиот регион, референдумски за работата на рудници, на 17 септември,ќе се изјаснуваат и жителите на Општина Ново Село.

XS
SM
MD
LG