Достапни линкови

Во Белград уапсени три лица кои со автомобил налетале на колоната во која бил Вучиќ


Илустрација-претседателот на Србија Александар Вучиќ

Три лица се уапсени во Белград поради сомневање дека ја загрозиле безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ откако со автомобил налетале во колона возила во која бил тој,,јавува МИА.

Инцидентот се случил во саботата околу 8.20 минути на кружен тек во Белград кога на возилото во кое се наоѓал претседателот на Србија, налетал автомобил марка Бентли со шпански регистерски таблички. Осомничените утре ќе бидат изведени пред судија во Белград.

Според Политика, уапсени се лица од обезбедување во белградска дискотека и од порано и се познати на полицијата поради кривични дела. Според весникот, тие немале намера да ја „пресечат“ колоната во која бил Вучиќ туку сударот се случил бидејќи „возачот на Бентли автомобилот брзо го вртел возилото под полн гас за да чкрипат гумите“.

XS
SM
MD
LG