Достапни линкови

Македонија и Израел ќе ја интензивираат безбедносната и економската соработка


Израел-Македонскиот премиер Зоран Заев се сретна со израелскиот претседател Руевен Ривлин, 03.09.2017

Демократската и реформска Влада во Македонија отвора можности за интензивирање на безбедносната и економска соработка со Израел, заклучиле на денешната средба премиерот Зоран Заев и израелскиот претседател Руевен Ривлин, во рамки на официјалната посета на Израел на македонската владина и бизнис делегација.

“Постои искрено пријателство меѓу Македонија, но и меѓу граѓаните на двете држави. Република Македонија и Република Израел немаат отворени прашања. Затоа има можности за интензивирање на соработката, констатирано е на средбата”, соопшти прес-службата на Владата на РМ.

Израелскиот претседател Ривлин, како што се наведува во владиното соопштение, ги поздравил демократските промени во Македонија и реформските определби на новата Влада, коишто отвораат можности за односите меѓу двете земји. Како што навел премиерот Заев, искуствата на Израел на безбедносен и економски план се драгоцени и ќе бидат земени предвид од новата Влада во Македонија.

Според најавата утре премиерот Заев ќе се сретне со домаќинот, неговиот колега, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој е Израел е придружуван од владина делегација.

XS
SM
MD
LG