Достапни линкови

Светска осуда за нуклеарниот тест на Северна Кореја


Пјонгјанг-лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, 03.09.2017

Не престануваат светските реакции откако Северна Кореја денеска објави дека тестирала хидрогенска бомба, што засега не е потвредено од независни извори дека се работи за таков тип на екслозив. Хидрогенската бомба е многу посилна од обичната атомска бомба како таа што САД ја пуштија врз Јапонија при крајот на Втората светска војна. Како и да е јапонската влада потврди дека Северна Кореја спровела нуклеарно тестирање, а сеизмолозите забележале силен земјотрес во областа каде што Пјонгјанг го спроведе претходниот тест.

По последниот тест на Пјонгјанг Јужна Кореја одржува состанок на Националниот совет за безбедност со кој претседава Мун Јае-Ин.
Директорот за Национална безбедност Чунг Еуи-јонг рече дека Сеул ќе ја бара секоја дозволена мерка, вклучувајќи и санкции од ОН за понатамошно изолирање на Пјонгјанг. Јапонскиот премиер Шинзо Абе го нарече тестирањето апсолутно неприфатливо.

Американскиот советник за безбедност Х.Р. Мекмастер имаше телефонски разговор со неговиот јапонски колега Шотару Таниучи.
Мекмастер го уверил дека Вашингтон е силно посветен на одбраната на Јапонија, вклучувајќи и од нуклеарното застрашување, се наведува во соопштението од јапонскиот советник за безбедност.

Кинеското министерството за надворешни работи побара од Северна Кореја да престане со својата “грешна” акција и побара од земјата да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Русија наведе дека нуклеарното тестирање заслужува “најсилна осуда” и побара сите вклучени страни веднаш да се вратат на дијалогот.

Францускиот претседател Емануел Макрон побара многу силен одговор од меѓународната заедница за како што ја нарече последната провокација од Северна Кореја.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија рече дека последниот потег на Пјонгјанг е екстремно разочарувачки и целосно спротивен од повторените барања на меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG