Достапни линкови

Национален ден за молитви за жртвите од поплавите во САД


Архивска фотографија-претседателот на САД Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи 3 септември за Национален ден за молитви за жртвите од големите поплави во Тексас и Лузијана предизвикани од ураганот. При посетата на Тексас вчера Трамп и неговата сопруга Меланија се сретнаа со преживеаните и волонтерите во Хјустон, четвртиот по големина град во САД кој беше парализиран од поплавите. Претседателот го пофали одговорот на службите наведувајќи дека соработката меѓу федералните, државните и локалните власти била фантастична. Трамп потоа отпатува и во Лузијана која исто така беше сериозно погодена од поплавите. Харви, ураган од четврти степен прво минатата недела го погоди Тексас, а локалните медиуми јавуваат дека бројот на жртвите се искачил на 50. Околу 43 000 луѓе во моментов се сместени во прифатилишта. Белата куќа побара околу 7,85 милијарди долари од конгресот за санирање на последиците.

XS
SM
MD
LG