Достапни линкови

Самит на БРИКС во Кина


Архивска фотографија-индискиот премиер Наренда Моди и кинескиот претседател претседател Кси Џинпинг на самит на БРИКС,16.10.2017

Петте таканаречени БРИКС земји го одржуваат својот годишен самит во светло на граничниот спор меѓу Кина и Индија кој може да поттикне тензична атмосфера. Лидерите од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка се среќаваат во југоисточниот кинески град Ксиамен од денеска до 5 септември. Ова е девети состанок на групата растечки економии во која всушност се преставени 40 отсто од населението во светот. БРИКС генерира околу 22,5 отсто од бруто домашниот производ. Кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе ја отвори конференцијата на која ќе присуствуваат и другите лидери меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG