Достапни линкови

САД ги презема дипломатските претставништва на Русија


Илустрација- рускиот конзулат во Сан Франциско

Американските власти денеска ги преземаа трите руски дипломатски објекти во САД откако рускиот персонал доби рок од 48 часа да ги напушти претставништвата. Во лутиот одговор Кремљ повика висок американски дипломат во Москва и му предаде протестна нота во која американската реакција се нарекува “незапаметена агресивна акција”.

Американскиот Стејт департмент го постави 14 часот на втори септември како краен рок за затворање на рускиот конзулат во Сан Франциско и две други дипломатски претставништва во Вашингтон и Њујорк.

Американската акција доаѓа откако Москва во август нареди САД да го скратат својот дипломатски персонал во Русија на 455 лица до први септември, што како што рече рускиот претседател Владимир Путин значело намалување за 755 лица.

XS
SM
MD
LG