Достапни линкови

Москва-врачена протестна нота на американски дипломат


Илустрација-зградата на министерот за надворешни работи во Русија

Руското министерство за надворешни работи повика висок американски дипломат во Русија за да му предаде протестна нота поради американските планови да спроведат претреси во руската трговска мисија во Вашингтон, која наскоро ќе биде затворена, наведува министерството во денешното соопштение.

Министерството пишува дека го повикале Антону Ф. Годфреј, заменик шеф на мисијата во американската амбасада во Москва. Во соопштението се нарекува планираната “нелегална инспекција” на руските дипломатски претставништа "нечуена агресивна акција”.Американскиот Стејт департмент соопшти дека краен рок за затворање на рускиот конзулат во Сан Франциско и два други дипломатски објекти во Вашингтон и Њујорк е втори септември.

Потегот на САД доаѓа по руската одлука од 28 јули да се намали дипломатскиот персонал во американските претставништа во Русија на 455 луѓе од први септември, што како што рече претседателот Владимир Путин значи намалување за 755 луѓе.

XS
SM
MD
LG