Достапни линкови

Жени и деца ослободени од ИД се вратија во Русија


Грозни-роднини ги пречекаа жените и децата на аеродром со порака Благодарам Рамзан (Кадиров)

Осум деца и четири жени, кои потекнуваат од Русија и Казахстан, кои беа пронајдени во областите ослободени од Исламска држава ги напуштија Ирак и Сирија и пристигнаа во Русија, јавуваат руските новински агенции. Авионот со жените и децата пристигнал во Грозни, главниот град на Чеченија на први септември. Новинската агенција Интерфакс подоцна јави дека авионот го пречекале рускиот детски народен правобранител и високи претставниви на чеченските власти. Ирачките власти соопштија дека многу од странските борци на Исламска држава во Мосул се од Русија, најголем дел од нив од Чеченија и од други поранешни советски земји. Мосул беше ослободен од ирачките сили поддржани од САД во јули.

XS
SM
MD
LG