Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ- покажуваме максимална вклученост и иницијативност


Илустрација-седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение на СДСМ наведува дека додека се опозиција покажале максимална вклученост и иницијативност и дале до знаење дека сакаат да работат за подобро на граѓаните, а не да водат политика на теснопартиски интереси во Собранието.

Според ВМРО-ДПМНЕ смешно било кога СДСМ се обидувале да ја објаснат итноста и брзањето за поднесените закони кога, како што наведуваат, имале доволно време истите да ги поднесат и преку дебата по редовна постапка досега ќе биле донесени.

“Наместо приоритетите на граѓаните, на СДСМ поважно им беше вдомувањето на партиските војници во институциите, поставувњето на некомпетентни личности на функции, смената на Јавниот обвинител за спасување на кожата на Зоран Заев и блокирање и спречување на сите проекти кои беа за граѓаните на Република Македонија” наведуваат од опозициската партија.

Додаваат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако се опозиција во Собранието на Република Македонија имаат поднесено низа законски решенија кои што произлегуват од реалните потреби на граѓаните, но, како што истакнуваат, СДСМ и тогаш и сега не најде сила и храброст да покаже конструктивност и да дозволи разгледување на овие закони.

XS
SM
MD
LG