Достапни линкови

Русија се жали дека САД планираат претреси во конзулатот во Сан Франциско


Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Мариа Захарова

Руското министерство за надворешни работи обвини дека плановите на американските власти за претреси во рускиот конзулат во Сан Франциско и некои домови на дипломати претставуваат директна закана за нивните државјани. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Мариа Захарова во соопштениенаведува дека неименувани американски агенции планираат да извршат претреси денеска. Ова, како што се наведува во соопштението следува по овонеделната објава на Стејт Департментот со која се наредува конзулатот и два други дипломатски објекта во Њујорк и Вашингтон да бидат затворени.Претставниците на Стејт Департментот засега не коментираат дали планираат претреси или пак дали такво нешто се барало.Но во електронска пошта испратена до РСЕ официјални лица наведуваат дека наредбата да се затворат објектите до 2 септември значи дека Русија нема да може веќе да ги користи за дипломатски, конзуларни или резидентни потреби. Според некои извештаи црн чад излегувал од оџакот на конзулатот што предизвикало и реакција од пожарникарите во Сан Франциско.

XS
SM
MD
LG