Достапни линкови

Украина-притворен братот на Саакашвили


Архивска фотографија-поранешниот претседател на Грузија Михаел Саакашвили

Поранешниот грузиски претседател Михаел Саакашвили, кој исто така е и поранашен гувернер на украинскиот регион Одеса денеска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека неговиот брат бл приведен во Киев. Тој наведе дека тоа се случило рано утринава а дека брат му бил приведен од осум полицајци кога излегувал од својот дом.
Според Саакашвили со овој потег украинските власти се обидувале да влијаат врз него и да го предомислат за враќањето во земјата.

Саакашвили кој во моментов е во Полска минатиот месец објави дека планира да се врати во Украина на 10 септември поминувајќу ја полско-украинската граница во западниот регион Лвив.Претседателот Петро Порошенко му го одзема украинското државјанство на Саакашвили на 26 јули, а поранешниот грузиски претседател тоа го нарече нелегален потег за да го тргнеле од политичката сцена во Украина.

Претходно во 2015 година на Саакашвили му беше одземено грузиското државјанство по што тој зема украинско за да стане гувернер на Одеса, позиција од која си даде оставка во ноември обвинувајќи ја владата во Киев дека ги саботирала клучните реформи.

XS
SM
MD
LG