Достапни линкови

Најмалку седум лица загинаа во напад во Ирак


Илустрација-ирачки полицаец

Најмалку седум лица загинаа, а девет се повредени во напад на владина електрана во северен Ирак, соопштија властите. Три вооружени лица кои носеле и бомбашки елеци полни со екслозив влегле во објектот во Самара, околу сто километри северно од Багдад, рано утринава.
Напаѓачите го опколиле објектот додека внатре имало работници, по што безбедносните служби пристигнале на местото, убиле двајца напаѓачи и ги евакуирале вработените. Ирачките медиуми повикувајќи се на очевидци, јавуваат дека ситуацијата во Самара сега е под контрола на безбедносните сили. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но милитантите од Исламска држава често извршуваат самоубиствени бомбашки напади во Ирак.

XS
SM
MD
LG